Меси открива кој фудбалер не смеел да го погледне во очи

twitter/FC Barcelona

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но во една анегдота открива кој фудбалер не смеел да го погледне кога влегол во соблекувалната.

Фантастичниот Аргентинец во целата професионална кариера настапува само за еден клуб, Барселона и веќе е виситнска легенда за која редовно се раскажуваат приказни за неговите мајстории.

Пред 13 години, Меси веќе беше помеѓу најдобрите фудбалери во тоа време, но во Барселона пристигна играч со големо фудбалско педигре кое предизвика почит и воодушевување кај Аргентинецот, Тиери Анри.

Анри во Барселона дојде од Арсенал каде за осум години постигна 228 гола.

Првиот ден кога влезе во соблекувалната, не смеев да го погледнам во очи. Знаев се што правеше во Англија. Имав и фотографија од него во својот дом, а сега одеднаш станавме соиграчи. Тоа што го чувствувам кон него е воодушевување – открива Меси.

Двајцата за три години како соиграчи во Барселона триумфираа во Лигата на шампионите, Ла Лига, Кралскиот куп, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Го обожував Анри. Леснотијата со која ги завршуваше акциите, како го пронаоѓаше патот кон голот и ги решаваше сите проблеми. Оставаше впечаток дека тоа е природно. Неговата кариера, головите, фриблинзите, гестовите, се беше течно и пропорционално – вели Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот