Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

Меси е на поширокиот список на Аргентина за настап на Светското првенство 2026

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, го објави поширокиот список на играчи за претстојното Светско првенство.

Списокот вклучува 55 играчи, а во истиот се наоѓа и еден од најдобрите во националниот тим, Лионел Меси (38) за кој во изминатиот период доста се шпекулираше дали ќе биде подготвен за уште еден Мундијал во кариерата.

Голмани: Емилијано Мартинез, Херонимо Руљи, Хуан Мусо, Валтер Бенитез, Факундо Камбесес, Сантијаго Белтран.

Одбрана: Аугустин Хиај, Гонзало Монтијел, Нахуел Молина, Николас Кападоло, Кевин Макалистер, Лукас Мартинез Кварта, Маркос Сенеси, Лисандро Мартинез, Николас Отаменди, Херман Пецела, Леонардо Балерди, Кристијан Ромеро, Лаутаро ди Лољо, Заид Ромеро, Факундо Медина, Маркос Акуња, Николас Таљафико, Габријел Рохас.

Среден ред: Максимо Пероне, Леандро Паредес, Гвидо Родригез, Анибал Морено, Милтон Делгадо, Алан Варела, Екзекел Фернандез, Родриго де Пол, Екзекел Паласиос, Енцо Фернандез, Алексис Макалистер, Џовани Ло Селсо, Николас Домингез, Емилијано Буенда, Валентин Барко.

Напад: Лионел Меси, Николас Паз, Франко Мастантуоно, Тијаго Алмада, Томас Аранда, Николас Гонзалес, Алехандро Гарначо, Џилијано Симоне, Матијас Суле, Клаудио Ечевери, Џанлука Престијани, Сантијаго Кастро, Лаутаро Мартинез, Хосе Мануел Лоперез, Хулијан Алварез, Матео Пелегрино.

Аргентина го брани трофејот освоен на Светското првенство пред четири години во Катар. Оваа година на Мундијалот 2026, селекцијата на Скалони е во групата Ј заедно со репрезентациите на Алжир, Австрија и Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот