Меркур вечерва ја достигнува највисоката точка и ќе биде видлив на небото: Како да не го пропуштите овој настан?

Планетата Меркур - Фото: Пекселс/ZCH

Денеска, 22 септември, Меркур ќе ја достигне највисоката точка на небото во 2023 година. 

Ако никогаш досега не сте го виделе Меркур со свои очи, денес можеби е денот да го промените тоа. Вечерва ќе можете да ја видите оваа „Брза планета“ со орбита околу Сонцето која трае помалку од 90 дена, полуосветлена на ноќното небо над вас.

Меркур е познат по тоа што орбитира толку блиску до нашата најблиска ѕвезда што речиси секогаш се „губи“ во нејзиниот сјај. Затоа има само неколку прилики во текот на годината кога може да се види, а тоа е во самрак – кога зајдисонцето и изгрејсонцето се блиску. Тогаш Меркур ќе биде на најголема оддалеченост од Сонцето, а ќе се гледа од Земјата, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Најголемото издолжување на Меркур ќе биде видливо над западниот хоризонт по зајдисонце, додека 30 минути пред изгрејсонце ќе биде видливо над источниот хоризонт. Во тие моменти ќе изгледа како Месечината во својата прва и последна фаза поради полуосветлувањето. Откако ќе ја достигне највисоката точка, ќе биде видлив во следните неколку дена, т.е. до 30 септември.

Ако не сакате да го пропуштите ова и ако временските услови ви дозволуваат – без облаци и врнежи – ќе ви требаат двоглед со жолти нијанси и хоризонт на кој нема пречки. За полесно ориентација, Венера ќе свети директно над Меркур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот