Мерко го објави списокот за У19 квалификацискиот турнир во Грузија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години/фото: ФФМ

Женската млада селекција на Македонија до 19 години, која вчера и официјално ги започна подготовките, во периодот од 4 до 10 октомври во Тбилиси, Грузија ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство 2023 година.

Во групата „6“ од Б лигата во рамките на првата рунда квалификации, покрај нашите млади фудбалерки се наоѓаат и селекциите на Грузија (домаќин) и Белорусија. Првиот меч ќе го играме против Грузија на 4 октомври.

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир играме против Белорусија на 7 октомври. Двата квалификациски натпревари ќе се одиграат во 18. часот.

Селекторот на репрезентацијата Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабачки (Бергх, Холандија), Кристина Павловска (Истатов).

Одбрана: Симона Ребека Маијер (Истатов), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Матеа Блажевска (Скопје), Миа Головска (Скопје), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса).

Среден ред: Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Мена (Ас Јунајтед), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Михаела Настоска (Деспина).

Напад: Јехона Велиу (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (ГПСО 92), Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Еда Далипи (Ас Јунајтед).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот