Меркел побара од Путин да интервенира и да се реши кризата на полско-белоруската граница

 Русија треба да го искористи своето влијание врз Минск за да најде начин да ги решат растечките тензии на границата меѓу Белорусија и Полска, повика денеска германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел, јави ДПА.

 

Во телефонски разговор со Путин, Меркел на рускиот претседател му кажала дека е нехумано белорускиот претседател Александар Лукашенко да ги користи мигрантите, за кои многумина велат дека биле турнати на границата како начин да ја преплават ЕУ, за свои цели, изјави портпаролот на Меркел.

Состојбата на мигрантскиот бран на полско-белоруската граница ексалира/ Фото: ЕПА

Полските власти проценуваат дека долж границата од белоруска страна има меѓу 2.000 и 4.000 мигранти, кои летово пристигнуваат со авиони од главните градови на Блискиот Исток, со легални белоруски туристички визи. Тие се сместени во хотели, а потоа транспортирани и придружувани од белоруските служби до границата, каде што досега во мали групи се обидуваа да совладаат импровизирана жичана ограда и да преминат во Полска, а потоа да продолжат во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот