Мериленд бара помош од 60 милиони долари за урнатиот мост во Балтимор

Гувернерот на Мериленд, бара 60 милиони долари федерална помош за да се отпочне реконструкција на мостот во Балтимор кој се урна во четвртокот откако бродот „Дејли“ удри во него, пренесува „АpNews“.

Гувернерот Вес Мур изјавил дека „најдобрите умови на светот“ работат на планови за расчистување на остатоците, преместување на товарниот брод што се удри во мостот и извлекување на телата на четворицата преостанати работници за кои се претпоставува дека се мртви.

„Владата работи рака под рака со индустријата за да ја истражи областа, вклучително и потонатиот брод, и да го отстрани бродот“, рече Мур.

Претседателот Џо Бајден вети дека федералната влада ќе ги плати сите трошоци за обнова на мостот.

Во четвртокот кон Балтимор се упатија огромни бродови со дигалки за да го расчистат металот и бетонот во обид да се отвори клучната рута за испорака, која е блокирана од урнатините на мостот „Френсис Скот Ки“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот