Мери Дика-Георгиевска од Апелација да биде судијка во Уставен, предлага Судскиот совет
Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од расправата и гласањето по оваа точка од дневниот ред.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, рекоа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.
Судијката Елизабета Дуковска, која повторно се кандидираше за уставен судија, не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет, поради недоволен број години работно искуство, а една од забелешките се однесуваше и за нејзиниот придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем во последните години.
Уставниот суд го сочинуваат деветмина судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието, а мандатот трае девет години, без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.
Уставен суд: Изјавите на Пендаровски за Законот за јазиците се неточни


