Мери Акиевска го освои сребрениот медал на Светскиот куп во бодибилдинг во Шпанија

Мери Акиевска второпласирана на Светскиот куп во Санта Сузана, Шпанија/фото: facebook.com/bbffm

Дојде уште една потврда за светскиот квалитет на Мери Акиевска која ги донесува најголемите успеси на македонскиот бодилдинг и фитнес.

Акиевска во силна конкуренција ја завршува сезоната со уште еден медал, сребрен на Светскиот куп во Санта Сузана, Шпанија. Таа го освои второто место кај сениорките во категоријата Велнес.

Победничка во категоријата е шампионката на Бразил, а зад нас останаа шампионките на Доминиканска Република, Мексико, Австрија и Чешка, информираат од Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија која упатува честитки до Акиевска за одличниот настап, форма и презентација.

– Пред сè задоволна од мојата форма и покрај цела година константни натпревари и во пролетна и во есенска сезона без одмор целовремени подготовки и сите што сме во светот на бодибилдингот знаеме колку тежи барем една подготовка за еден настан а мене годинава ова ми е 11-ти натпревар од кој од месец дена ова е седми натпревар , покажавме и докажавме квалитет дури сега на крај со последните сили и покрај сите вируси, настинка, повреди кои ги поминав во последниот месец сепак тоа само јас си го знам бидејки мојот сон е успехот, а препреките секогаш постојат кога нешто вистински го посакуваш.

Целосно е кога се имаме четврта година по ред ги браниме боите на Македонија без застој, освоена Балканска титула, Европска титула, Арнолд Класик, Светско Првенство и Сегашниот Светски куп тоа се само дел од големите значајни настапи од кои донесовме одличен резултат годинава. Сакам да се заблагодарам на подршката од сите што ја имав, се извинувам на некои луѓе што во овие четири години ненамерно се отргнав бидејки фокусот ми беше 101% на успех – вели Акиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот