Менаџерот на Раста е еден од уапсените членови на криминалната група на Вељко Беливук

Фото: Интаграм

Драган Секулиќ од Лозница, еден од уапсените членови на криминалната група на Вељко Беливук, бил во блиска соработка со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, дознава српска „Нова“.

Драган Секулиќ е поранешен полицаец, а пред извесно време го променил името во Владо Георгиев.

Како што понатаму се пренесува, Драган Секулиќ, кој бил уапсен во неодамнешната полициска акција, е менаџер на споменатиот рапер од минатата година, а за време на притворот на Раста, тој управувал со неговиот автомобил „Мерцедес“, кој бил пред седиштето на Службата за борба против организираниот криминал во Макиш, на денот на апсењето на Беливук.

„Секулиќ започна соработка со Раста пред нешто повеќе од една година. По прекинувањето на соработката на раперот со Марко Николиќ, братот на Ана Николиќ, Секулиќ го презеде управувањето со кариерата на Раста, а за време на притворот на раперот, тој ги водеше и работите поврзани со неговата продукциска куќа „Балкатон“ , вели изворот за „Нова.рс“.

Стефан Ѓуриќ Раста мина скоро четири месеци во притвор од моментот на апсењето во октомври минатата година. Тој и неговиот пријател Л. Б. беа ослободени од притвор на 27 јануари од страна на Првиот основен суд во Белград. Двајцата се товарат за нелегално поседување марихуана и кокаин за лична употреба.

Ѓуриќ склучил договор со Вишото јавно обвинителство во Белград, според кој тој признал нелегално поседување дрога за лична употреба и се согласил на казна од една година домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот