Менаџерот на Челси во одбрана на Вернер: За Тухел досадни се критиките!

epa09109625 Germany?s Timo Werner reacts after the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Менаџерот на Челси, Томас Тухел застана во одбрана на својот играч Тимо Вернер кој доби многу критики после пропуштената шанса против Македонија во Дуизбург во квалификациите за СП.

Нашата А репрезентација приреди големо изненадување совладувајќи ја Германија со резултат 2:1. А при нерешени 1:1 Вернер од чиста позиција не успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски.

После репрезентативната пауза, продолжуваат возбудувањата во клупски план, в сабота од 13.30 часот во Премиер лигата Челси е домаќин на Вест Бромвич.

Тухел имаше свој коментар околу нереализираната шанса на Вернер против Македонија:

– Тој ја пропушти таа шанса и сега сите зборуваат за тоа, што е малку досадно. Вистината е тоа што тој не стартуваше на сите три натпревари за Германија, така што доколку имаше повеќе минути, можеби ќе реализираа повеќе голови.

Сега лесно е сите да го вперат прстот кон Тимо, а јас тоа не можам да го разберам и нема да го прифатам. Јас сум среќен што тој се врати бидејќи тука е заштитен.

Треба да ја разгледаме ситуацијата искрено и тој е во момент кога нема доверба и работите не се премногу лесни. Тој сè уште постигнува голови за нас, сè уште асистира за нас, изнудува пенали. Доколку ова е најкритичната точка во неговата кариера, можете да кажете дека е сè уште прилично импресивно досега. Ова момче ги тресе мрежите уште од својата петгодишна возраст и тој никогаш не запре – вели Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот