Меланија Трамп со Кит Сигел/Фото: Andrew Thomas - CNP / Sipa Press / Profimedia

Меланија Трамп преговара со тимот на Путин за ослободување на украинските деца

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави во средата дека останува во контакт со тимот на рускиот претседател Владимир Путин во обид да се обезбеди враќање на повеќе деца од Русија во Украина.

„Работам на тоа“, им рече таа на новинарите во Белата куќа. „Се надевам дека многу наскоро ќе имаме успех.“

Таа не сподели детали за разговорите меѓу нејзините претставници и тимот на Путин.

Како што објави Ројтерс , портпаролот на Меланија Трамп изјави дека комуникацијата меѓу двете страни продолжила откако првата дама му напишала писмо на Путин – кое нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, лично му го доставил на рускиот претседател минатиот август – во врска со киднапираните деца од Украина.

Петнаесет деца се вратени во Украина откако Меланија Трамп ја започна својата работа, вклучувајќи седум деца во декември.

Украина ја обвини Русија за киднапирање на најмалку 19.000 деца и нивно префрлање во Русија или територии окупирани од Русија без согласност на нивните семејства или старатели, откако ја нападна Украина во февруари 2022 година. Русија постојано негира киднапирање деца од Украина, велејќи дека дејствувала за да ги заштити од борбите.

Во средата, руски и украински претставници изјавија дека имале „продуктивни“ разговори во преговорите предводени од САД, чија цел беше да се стави крај на четиригодишната војна, иако Русија претходно оваа недела ја нападна Украина со стотици беспилотни летала и рекорден број балистички ракети.

Меланија Трамп, која не се појавуваше во јавноста за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, во среда се сретна во Белата куќа со две од лицата киднапирани и држени како заложници од Хамас во подземни тунели во Газа, израелско-американските Кит и Авива Сигел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот