ВИДЕО | Меланија Трамп бесна: Манекенки тајно го снимале Барон, првата дама се закани со исфрлање
Членовите на ексклузивниот клуб „Мар-а-Лаго“ во Флорида наводно биле предупредени на новогодишната ноќ дека би можеле да го изгубат членството ако го фотографираат синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Барон Трамп, без дозвола од семејството.
Препорачано
Според „Дејли мејл“, предупредувањето дошло откако две манекенки, Валерија Соколова и Абла Софи, го фотографирале и го снимале 19-годишниот Барон Трамп додека тој престојувал во Мар-а-Лаго со семејството за време на божиќните прослави.

Според извори блиски до клубот, првата дама Меланија Трамп јасно ставила до знаење дека приватноста на нејзиниот син е „приоритет“, па затоа гостите кои ќе ги прекршат правилата и ќе го снимаат или фотографираат Барон би можеле да се соочат со сериозни последици, вклучително и забрана за влез во клубот.

„Пораката беше јасна – без камери и без протекување информации. Приватните семејни моменти остануваат приватни“, рече еден извор.
View this post on Instagram
Барон Трамп наводно бил повлечен и тивок за време на празничните и новогодишните собири, шетајќи со неговиот татко низ просториите на клубот, без многу контакти со гостите. Според сведоштвата на присутните, тој носел темно одело и се однесувал воздржано, слично како и претходните години.
Најмладиот син на претседателот Трамп ретко се појавува во јавноста последниве месеци. Откако неговиот татко ја продолжи претседателската функција на почетокот на минатата година, Барон се повлече од медиумското внимание. Последен пат беше виден со својот татко на инаугурацијата, кога Трамп го пофали за тоа што помогнал во привлекувањето на помладите гласачи за време на претседателската кампања.
Барон студира на Универзитетот во Њујорк, а според американските медиуми, дел од студиите ги продолжува во Вашингтон. Изворите наведуваат дека тој е сè повеќе ангажиран во сопствени бизнис проекти, особено во технолошкиот сектор, и дека одржува состаноци со потенцијални деловни партнери.


