Меланија и Доналд Трамп на дочекот на Новата 2026 година/Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО+ВИДЕО | Никогаш не изгледала попровокативно: Деколтето на Меланија Трамп на дочекот на Новата година ги остави сите без здив!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија Трамп, беа домаќини на новогодишната забава што се одржа во одморалиштето Мар а Лаго во Флорида.

На вечерната забава на славниот пар присуствувале бројни државни функционери, а Меланија привлекла најголемо внимание. Првата дама на САД, чии изданија ја одбележаа 2025 година, реши да ја воодушеви јавноста со уште едно беспрекорно издание.

 


За најлудата ноќ во годината, Меланија облекла фустан во металик сребрена боја што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Сопругата на претседателот на САД одлучи малку да се опушти, па покажала длабоко деколте што ги нагласува градите.


И чевлите со високи потпетици со потпис на Лубутен привлекле огромно внимание. Светкавите салонки, кои инаку чинат 3.000 долари, совршено се вклопиле во ова празнично издание. Косата ја стилизирала на наједноставен начин – се одлучила за меки бранови, а изгледот го заокружила со минимална шминка во земјени тонови.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, тој остана верен на класичните модни парчиња, а за новогодишната ноќ избрал црн костум.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Republic (@republicworld)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот