Меља: Има нови случаи со ковид-19 во Дебар, но состојбата не е алармантна

Илустративна фотографија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската работна едница на Центарот за јавно здравје, има нови случаи на заразени со КОВИД-19, но состојбата не е алармантна, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља, раководител на единица.

Сепак она што посебно го загрижува е факот што и покрај појавата на симптоми препознатливи за вирусот граѓаните не се јавуваат на време туку кога состојбата ќе им се влоши.

-Апелирам до моите сограѓани кои имаат симптоми на Ковид-19 веднаш да се јават за лекарски третман, зашто она што во последно време загрижува фактот дека на лекар се јавуваат со веќе влошена клиничка слика. Постои и понатаму и апелот да се почитуваат мерките за заштита, носење заштитна маска, одржување растојание и хигиена, порачува Меља.

Според официјалната статистика на ова подрачје овој месец регистрани се 25 нови случаи, што во просек е по еден случај дневно.

-Денес немаме нов случај а во списокот на оздравени се впишани двајца. Овој месец имаме 25 новозаболени, но, состојбата не е алармантна, што ја потврдува и денешната бројка од 22 лица активни на болеста. Од нив четворица се хоспитализирани во Ковид центарот во инфективното одделение во Општата болница со проширена дејност во Дебар, петмина се лекуваат амбулантски, додека остантите во домашни услови, изјави Меља за МИА.

Додава дека на секои два до три дена испраќаат на анализа по 10  и оти моментно очекуваат резултат од 12 брисови.

Во ова подрачје, од почетокот на пандемијата до сега, регистрирани се 819 позитивни случаи, закрепнале 760, додека починале 37 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот