„Мекдоналдс” на суд: Поранешни сопственици на франшизата ја тужат компанијата за расна дискриминација

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Повеќе од 50 Афроамериканци, поранешни сопственици на франшиза за рестораните за брза храна „Мекдоналдс”, ја тужат компанијата за расна дискриминација и бараат оштета во висина од милијарда долари, јавија некои американски медиуми. 

Тужителите изјавуваат дека „Мекдоналдс” ги принудувал црномурестите партнери да отвораат ресторани во економски непогодни локации со мали можности за развој на бизнисот, наспроти белите партнери кои добивале подобри услови и локации. 

-Компанијата со тоа одеше наспроти своите повици за различност и афроамериканското претприемаштво, се вели во материјалите поднесени во судот. 

Таквата дискриминација, велат тужителите, ги ставала црномурестите сопственици во незавидни позиции за водење бизнис што честопати доведувало до стечај.  

Џим Фераро, адвокат на тужителите, тврди дека поради таа политика, бројот на франшизите „Мекдоналдс” водени од Афроамериканци во САД од 1998 година досега се намалил од 377 до 186. Од вкупен број на 14.400 ресторани „Мекдоналдс” во САД, 90 отсто се управувани од околу 1.600 франшизи. 

Самата компанија негира дека врши расна дискриминација во однос на политиката со франшизи и е подготвена да ја бара правдата на суд. 

-Ние сме убедени дека фактите ја покажуваат нашата посветеност на идејата за еднакви можности за водење бизнис и почитување на етничко-расната различност во целиот систем на „Мекдоналдс”, вклучувајќи ги нашите франшизи, снабдувачи и вработени, се вели во денешното соопштение на компанијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот