Меѓународна конференција на Градежен факултет: Експертите за новите трендови за изградба на асеизмички објекти

д-р Горан Марковски - декан на градежниот факултет / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

На Градежниот факултет во Скопје  в четврток, 22 јуни, ќе се одржи тематска конференција посветена на сеизмологијата, односно на најновите трендови во изградбата на објекти отпорни на земјотрес, на која ќе учествуваат реномирани професори и стручњаци од земјата и од странство.

Конференцијата е дел од серијата активности насловени „Скопско асеизмичко лето“, што ги организира Градежниот факултет на УКИМ во Скопје  во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Архитектонскиот факултет во Скопје, Друштвото на градежни конструктори на Македонија и на УНДП. Дел од тие активности, со кои се одбележува 60-годишнината од земјотресот во Скопје, е и оваа конференција насловена „4S – Skopje Summer Seismicity Stop“.

Воведни обраќања ќе имаат деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје Никола Јанкуловски и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан.

Потоа со свои стручни видувања на проблематиката ќе се претстават Елена Думова-Јовановска со „Скопје – 60 години подоцна“, Васко Поповски – „Политики за вклучување на попреченоста во намалувањето на ризици од катастрофи во контекстот на Република Северна Македонија“, Полат Гулкан (Турција) – „Двата земјотреса од 6 февруари 2023 во југоисточна Турција – одбран преглед“, Жулиен Ердоган (Франција) – „Сеизмичка изолација – преглед на најновите достигнувања во сеизмичката заштита на мостовите“ и „Базна изолација – решение за заштита на зградите и на жителите во сеизмичките подрачја“, Мариана Попеску (Холандија) – „Комплексна изведба со прилагодена флексибилност“ и Томаж Пазлар (Словенија) – „Дрвени конструкции – обезбедување отпорност на земјотреси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот