Фото: Архива

Меѓу жртвите се 8 деца од Хрватска: Во меѓународна акција откриени се 8 хрватски педофили

Хрватската полиција учествуваше во меѓународната операција „Мозаик 2025“, насочена кон сузбивање на онлајн сексуалното злоставување и искористување на деца, при што во државата биле идентификувани осум осомничени и осум деца-жртви, објави Индекс.хр.

Според полицијата, осомничените се поврзуваат со 31 кривично дело, вклучувајќи прибавување, пристапување, разменување и производство материјали со детска сексуална злоупотреба, како и запознавање деца со порнографија и нивно мамење за сексуални цели. За овие дела казните се движат од една до десет години затвор. Полицијата потврдува дека еден од осомничените веќе бил познат на полицијата за сторување на истото недело.

Осомничените користеле јавни комуникациски платформи, но и апликации со end-to-end енкрипција, преку кои биле активни во групи со членови од повеќе држави. Иако досега нема докази за нивно директно поврзување со сторители од други земји, конечните резултати ќе бидат познати по завршувањето на истрагите.

Во акцијата, покрај Хрватска, учествуваа полициите од Словенија, Унгарија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и од Македонија. Вкупно биле идентификувани 14 жртви, со што понатамошната злоупотреба била спречена.

Вкупно се опфатени 43 осомничени, спроведени се 44 претреси, а одземени се 393 дигитални уреди и медиуми. Анализата на материјалите сè уште трае.

Акцијата е дел од европската платформа EMPACT, која ја координира регионалната соработка во борбата против сексуалното злоставување на деца на интернет и обезбедува поддршка и заштита на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот