Меџити и Ковачевски сметаат дека вработувањата според националност на ГАК се законски

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство, Фатмир Меџити и премиерот Димитар Ковачевски се согласни дека знаењето и искуството треба да бидат пред етничката припадност при вработување во здравството, но според двајцата, мора да се почитува законот кој предвидува правична застапеност на етничките заедници дури и во здравството.

Одговарајќи на новинарско прашање за огласот на Клиниката за гинекологија и акушерство за четворица доктори на специјализација, за кои услов е да бидат Албанци, а на истиот оглас се бараат и еден Турчин и еден Ром, Меџити одговори дека огласот се одобрува од управниот одбор на клиниката, а законот предвидува правична застапеност на етничките заедници.

Според член 5 од законот за вработени во јавен сектор се предвидуваат вработувања согласно начелото за соодветна и правична застапеност. Во член 20 од истиот закон е предвидена прераспределбата на бројот на планирани вработувања да биде соодветна за одржување на правичната застапеност. Ова е законот, но знаењето и искуството се пред сè, додаде Меџити.

Премиерот Ковачевски се согласи со Меџити и додаде дека огласот мора да биде врз основа на законот.

Така е законот и мора да се почитува. Сум покажал повеќе пати дека етничката припадност не може да биде професија и тоа е професија единствено на Западен Балкан и никаде на друго место на светот, изјави премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот