Dmiitrij Medvedev consolidating figure'. EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Медведев ги нарече Американците „миротворци“ по нападите врз Иран

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи по нападите на САД и Израел врз Иран и иронично ги нарече Американците „миротворци“, пренесе Ројтерс.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Медведев оцени дека разговорите со Иран биле само параван.

„Миротворецот е повторно тука. Разговорите со Иран беа само параван. Сите го знаеја тоа. Па кој има повеќе трпение да го чека тажниот крај на непријателот сега? САД се стари само 249 години. Персиската империја е основана пред повеќе од 2.500 години. Да видиме што ќе се случи за околу сто години…“, изјави Медведев.

По израелско-американските напади врз Техеран и други ирански градови, Иран возврати со напади врз израелска територија, како и врз американските бази низ целиот Блиски Исток.

Досега не се пријавени поголеми штети, а двете страни соопштија дека нападите ќе продолжат во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот