Медицината губи од габа отпорна на сѐ

Фото: EPA/BERND WUESTNECK

Минатиот мај во болница во Бруклин, Њу Јорк, бил примен пациент на кој требало да му се изврши абдоминална операција, резултатите од испитувањата на крвта на пациентот откриле смртоносна и мистериозна габа, пишува „Њујорк тајмс“

Докторите пронашле габа наречена „Кандида аурис“ која ги напаѓа лицата со слаб имунитет и пополека се шири низ светот. Во последните пет години се појавила во Венецуела, во болница во Шпанија, во престижен Британски центар за интензивна нега а исто така и доктори од Индија, Пакистан и Јужна Америка наишле на габата.

Пациентот што бил примен во болницата во Бруклин починал по 90 дена, но не и микробот. Тестовите покажале дека таа била насекаде во собата во која бил и пациентот. Морале дури да извадат дел од плафонот и подот за да се ослободат од габата во собата.

– Сѐ беше позитивно, ѕидовите, креветот, вратите, завесите, телефоните, лавабото, душекот, таванот, прозорот, буквално сè – изјавил д-р Скот Лорин, претседателот на болницата во Бруклин.

Габата Кандида аурис е толку смртоносна поради отпорноста која ја има на антигабичните лекови, што само е уште еден пример за еден од најголемите проблеми со што ќе се соочи светот во иднина, инфекции што се отпорни на лекарства.

Со децении медицинските експерти предупредуваа дека претераната употреба на антибиотици ја намалува ефективноста на лекарствата, поради тоа што бактериите и габите развиваат отпорност. Ова може да доведе до поткопување на столбовите на модерната медицина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот