Фото: EVERYDAY/PaRIS/Unsplash

Медитерански погачи со фета-сирење и маслинки: Путерести и ароматични, а готови за миг!

Барате брз, но ефектен рецепт кој ќе изгледа и мириса како со часови да сте поминале во кујна? Овие погачки со фета-сирење и маслинки се полн погодок!

Ако го обожавате мирисот на свежо тесто и вкусовите на Медитеранот, овие погачки ќе ве воодушеват. Комбинацијата на фета-сирење и маслинки создава совршен баланс помеѓу солен и полн вкус, додека путерот го прави тестото меко однатре и крцкаво однадвор. Идеални се за појадок, лесна вечера или како вкусна ужина со јогурт или вино.

Состојки:
За тестото:

– 1 јајце
– 300 г фета-сирење
– 259 г путер
– 100 г маслинки
– 500 г брашно
– 1 лажиче сол
– 1 прашок за печиво

За премачкување:

– 1 жолчка
– 1 лажица мајонез
– сусам

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте брашно, сол и прашок за печиво. Потоа, додајте јајце, здробено сирење, рендан или ситно исечкан путер и ситно сечкани маслинки. Добро замесете ги сите состојки со раце.

Месете го тестото неколку минути, 7-8, додека стане мазно.

На работна површина расучете го тестото со сукало на дебелина од 1,5 сантиметри и пресечете погачи со чаша, доколку сакате да бидат тркалезни или со калап, доколку сакате одредена форма.

Преостанатото тесто повторно премесете го, па повторувајте ја постапката додека го потрошите сето тесто.

Обложете плех со хартија за печење, па наредете ги погачите и премачкајте ја со смесата што претходно сте ја направиле во посебен сад, мешајќи жолчки и мајонез.

Потоа, посипете со сусам и печете во претходно загреана рерна 20 минути на 190 степени.

Совети:

По желба може да додадете и малку оригано или ситно сечкан босилек за дополнителен медитерански мирис.
Одлично одат со јогурт, маслинки или домашен ајвар.
Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот