Медицинарите не можеа да ги задржат солзите: Прва транплантација на црн дроб од починат донор во Македонија

Фото: Министерство за здравство

Докторите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија денес ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија.

– Честитки до колегите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија за историската прва трансплантација на црн дроб од починат донор. Со овој нов дострел на македонското здравство во транплантациите, се потврдува стручноста и посветеноста на македонските лекари, напиша поранешниот министер за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Фото: Министерство за здравство

Тој додаде дека се радува на секој нов успех, секоја трансплантација значи спасување живот или полесно секојдневие на пациентите.

Доктор Ненад Лазаров, пак ги објави имињата на колегите кои учествувале во историската трансплантација.

– Професор д-р Караџов, Проф. Д-р Светозар Антовиќ, д-р Кемал Рушити, д-р Љубомир Огненовиќ се денешните хирурзи херои што ја направија првата трансплантација на црн дроб од донор, Анестезија водела д-р Тања Спировска со тимот. Д-р Маја Мојсова е координатор на трансплантацијата, напиша Лазаров на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот