Мечот на Наполеон продаден на аукција за 4,7 милиони евра
Мечот на Наполеон Бонапарта беше продаден во Париз за речиси 4,7 милиони евра, приближувајќи се до светскиот рекорд за продадени артефакти од времето на Наполеон на аукција, објави париската аукциска куќа „Хотел Друо“, пренесува „Дејли стар“.
Препорачано
Un sable de Napoleón, subastado por casi 4,7 millones de euros en París.https://t.co/gBZmvdFUuF pic.twitter.com/2uAfn8Updl
— EFE Noticias (@EFEnoticias) May 23, 2025
Првично проценет на цена помеѓу 700.000 и 1 милион евра, мечот се приближи до моменталниот светски рекорд од 4,8 милиони евра поставен во 2007 година со продажбата на меч што го користел Наполеон за време на Битката кај Маренго, објави списанието „Артдепенденс“, наведувајќи дека продажбата во „Друо“ го става предметот меѓу највредните наполеонски артефакти некогаш продадени на аукција.
Наполеон станал шеф на француската држава во 1799 година како прв конзул, а мечот го нарачал околу 1802 или 1803 година од Никола-Ноел Бит, познатиот менаџер на фабриката за оружје во Версај, кој се сметал за најголем оружар на своето време.
Откако станал цар, Наполеон го задржал мечот и го носел до крајот на своето владеење, подоцна давајќи му го на Емануел де Гриши, еден од неговите најлојални генерали, кого на крајот го унапредил во последен маршал на Француската империја.


