Мбапе сакал да се откаже од француската репрезентациа
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе бил на чекор од донесување одлука да не игра за француската репрезентација.
Препорачано
Ова во јавноста го откри претседателот на Француската фудбалска асоцијација, Ноел Ла Грет, кој раскажа што се случило по неочекуваниот пораз од „триколорите“ од Швајцарија во осминафиналето на претходното Европско првенство. Франција на Евро 2020 загуби загуби од Швајцарија по изведување пенали, откако средбата по 90 минути и продолженија заврши 3:3.
Потоа, во пенал серијата Мбапе беше трагичар промашувајќи го пеналот.
– Се сретнавме по натпреварот, Мбапе тврдеше дека ние како Фудбалска федерација не застанавме зад него по промашениот пенал и критиките што ги доби на социјалните мрежи.Седевме во мојата канцеларија пет минути, тој беше многу лут, не сакаше повеќе да игра за Франција. Беше фрустриран, Килијан е победник и се чувствуваше исто како сите ние по елиминацијата. Тој е одличен човек и тимски играч – изјави Ле Грат.
Фудбалерот на ПСЖ по елиминацијата од Франција, објасни дека бил лут поради расистички навреди и реагираше преку социјланите мрежи.


