Мажи, пијте ги овие четири чаеви за здрава простата

Фото: Профимедиа

Простатата е машка полова жлезда чија функција е да произведува секрети кои ги пренесуваат сперматозоидите. Проблемите со простатата најчесто се појавуваат во средната возраст, а се манифестираат, меѓу другото, со болно уринирање и постојана потреба за уринирање.

Проблемите со простатата можат да бидат од различна природа и сериозност. Најчестите проблеми со простатата вклучуваат зголемена простата, воспаление на простата и рак на простата, а чаевите за простата и уринарниот тракт можат да помогнат во спречување и лекување, како поддршка на пропишаната терапија за простата.

Различните животни навики можат да придонесат за подобро здравје на простатата, а подолу можете да прочитате кои чаеви можете да ги пиете за оптимално здравје на простатата.

Зелен чај за простата

Зелениот чај содржи многу антиоксиданти и има антибактериски својства. Ова може да биде од особено значење за луѓето кои имаат проблеми со уринарниот тракт, бидејќи може да помогне да се спречат инфекции. Овој чај се смета дека е погоден како лек за простата и за потенција. Истражувањата покажуваат дека зелениот чај е успешен во борбата против ракот на простата бидејќи содржи катехини, соединенија со силно антиоксидантно дејство, истакнуваат експертите од здравствениот портал Healthline.

Доколку сакате да пиете зелен чај за простата, најдобро е да го побарате во аптеките или продавниците за здрава храна, во форма на суви листови. Во тој случај, подгответе го чајот така што ќе ставите една лажичка листови од зелен чај во зовриена вода. Откако ќе го оставите да отстои неколку минути, процедете го чајот и готов е за пиење. Сепак, запомнете дека зелениот чај содржи кофеин така што не треба да го пиете ако веќе имате зголемена простата.

Чај од врбовица (свиловина) за простата

Врбовица или свилена буба е попознат народен лек за простата и за уринарниот тракт. Содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и го спречуваат оштетувањето на клетките.
Полските научници од Медицинскиот факултет во Варшава ги проучувале различните својства на екстрактот од врбовица и објавиле дека има: антимикробно дејство, антипролиферативно дејство, противвоспалително дејство, антиоксидативно дејство. Главните активни растителни соединенија одговорни за овие дејства се: флавоноиди, фенолни киселини, танини – оенотеин А и оенотеин Б.

Врбовица е особено успешна во лекувањето на болести како што се простатитис и акутен простатитис предизвикан од бактерии.

Чаj од врбовица можете да направите користејќи свежа или сушена билка. Прелијте со врела вода, по 5 – 10 минути процедете го чајот и испијте го додека е уште топол. Најдобро е да се пие два пати на ден, наутро пред појадок и навечер пред вечера.

Чај од брусница за простата

Плодот од брусница често се користи за спречување и лекување на болести на уринарниот тракт и помага во ублажување на симптомите на проблемите со простатата. Особено може да помогне кај симптомите на зголемена простата. Брусницата има и антиканцерогени својства за сузбување на ракот на простата. За подготовка на чај од брусница, најдобро е да користите суви зрна брусница, кои вообичаено можете и да ги јадете. Чајот треба да се процеди по 10 минути и да се испие додека е уште топол.

Чај од хибискус за простата

Освен што ја подобрува целокупната состојба и позитивно влијае на крвниот притисок, чајот од хибискус може да содржи и одредени антиканцерогени својства. Ова својство е особено важно за мажите кои страдаат од рак на простата. Чајот од хибискус се прави од сушени или свежи цветови на билката хибискус, а може да се пие топол или разладен.
Експертите од порталот Prostate.net, кои се занимаваат со теми поврзани со здравјето на простатата, истакнуваат дека чајот од хибискус поседува одредени соединенија кои позитивно влијаат на здравјето на мажите. Тоа се: лимонска киселина, малична (јаболкова) киселина, винска или тартаратна киселина киселина, витамин Ц, минерали. Чајот од хибискус е со црвена боја и има малку остар вкус.

Зошто да пиете чај за простата?

Многу чаеви кои се пијат за простата содржат голем број на антиоксиданти кои го промовираат здравјето на простатата, а некои од нив можат да помогнат и во спречување на рак на простата.
Се препорачува да се избегнува кофеин во чаевите бидејќи тој може да дејствува иритирачки на простатата и мочниот меур (затоа обидете се да го избегнувате и во другите пијалаци). Покрај чајот, важно е да се пие многу вода за да се хидрира телото.
За да го подобрите здравјето на простатата, можете да одлучите да пиете лековити чаеви кои ја поддржуваат пропишаната терапија. Важно е да го пронајдете чајот кој најмногу ви одговара и кој има најдобро влијае на вашето здравје.

Напомена: Пред да користите какви било билни препарати за здравствени цели, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот