Маж од Алабама дрогирал верверичка за да била „борбена“

Фото: Profimedia

Полицијата во Алабама, на југот на САД, во понеделникот наишла на несекојдневна ситуација за време на претрес на стан – верверичка дрогирана со метамфетамин.

Станарот сакал „борбената верверичка“ која ја држел во кафез да биде агресивна, изјавиле за весникот „The News Courier” од канцеларијата на шерифот на округот Лајмстоун.

За време на претресот пронајдени се и други видови дрога и муниција.

Законот во алабама забранува држење диви животни, а верверичката е пуштена на слобода по препорака на службеникот за заштита на животната средина.

„Истрча во шумата и не ги нападна полицајците кои ја пуштија“, напишале од канцеларијата на шерифот на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот