Маж избодел неколку луѓе во Израел, најмалку тројца мртви

Припадници на израелската полиција со заштитна опрема патролираат низ Еуросалим / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Најмалку три лица се убиени во напад со нож во Бершева, град во пустината Негев во јужен Израел, соопштија безбедносни извори. Еден човек влегол во трговски кварт во градот и со нож ранил цивили, соопшти израелската полиција, сомневајќи се дека станува збор за „терористички“ чин.

Според полицијата, осомничениот ја избодел жена со нож, а потоа се качил во возилото и продолжил да вози кон трговскиот центар, каде излегол од автомобилот и со нож избодел уште една жена и маж.

Во напаѓачот пукале цивили

Цивилите кои се нашле на лице место отвориле оган во правец на напаѓачот и успеале да го „неутрализираат“, додала израелската полиција, без да наведе дали тој се уште е жив. Центарот Маген Дејвид Адом, кој е израелски еквивалент на Црвениот крст, потврди дека се убиени три лица.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој штотуку се врати од самитот во Египет каде што се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и лидерот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед, знае за нападите во Бершева и се консултирал со Министерството за јавна безбедност и полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот