Маурисио Покетино: Далеку сме од целите што ги поставивме

Маурисио Покетино/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Маурисио Покетино, менаџерот на Челси, изјави дека резултатите на лондонскиот фудбалски клуб оваа сезона се далеку од очекувањата и додаде дека неговиот тим мора да победи доколку сака да ги оствари своите цели.

Челси моментно се наоѓа на 11 место на табелата во Премиер лигата со 22 бодови од 18 натпревари.

– Знаевме дека ќе биде тешко оваа година, но не мислев дека ќе биде толку тешко. Затоа што кога ќе се земат предвид сите околности, повреди и суспензии, се влошува ситуацијата. Имавме премногу важни играчи надвор од тимот и многу околности кои одеа против нас од почетокот на сезоната, а кои не беа во наши раце – рече Покетино.

Аргентинецот истакна дека Челси го очекуваат големи предизвици во преостанатиот дел од сезоната.

– Далеку сме од целите. Да бидам искрен, наша цел беше самиот врв. Ние сме Челси, нашата историја бара да бидеме блиску до врвот. Сега треба да бидеме реални. Целта е да победуваме што повеќе – се зборовите на Покетино.

Челси во среда го пречекува Кристал Палас во рамките од 19 коло во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот