Математичкиот гениј Дамјан Давков на прием кај штипскиот градоначалник

Иван Јорданов и Дамјан Давков
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов оствари средба со Дамјан Давков / 25 јули 2022 / Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов оствари средба со Дамјан Давков, кој освои сребрен медал на Интернационалната математичка олимпијада во Осло, Норвешка.

„Навистина, ова е резултат што нѐ радува како град, како држава. Дамјан Давков е дете поради кое одлучивме од оваа година да направиме Правилник, со кој ќе се стипендираат сите успеси на учениците од основните и средни училишта кои се учесници на меѓународни и државни натревари. Дефинитивно, како локална самоуправа треба да ги стипендираме и да ги поздравуваме сите постигнати резултати, не само во спортот, туку и во науката, културата“, рече Јорданов.

Тој информира дека во септември ќе биде објавен првиот оглас за доделување стипендии, а може да се пријават ученици, наградени на меѓународни и државни натревари.

Извор: МИА

Голем успех на младите математичари: Освоија четири медали на Интернационална математичка олимпијада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот