Масло од ему: Тајната на австралиските Абориџини за добро здравје

Фото: Instagram

Абориџините од Австралија илјадници годнини имале тајна состојка меѓу своите природни лекови. Таа состојка лекува толку многу заболувања што може да ги замени сите лекови кои ги користите. Дали сте знаеле дека оваа магична состојка ги ублажува воспаленијата, ги исцелува раните, ги ублажува болките кај артритис како и воспаленија кај мускулите и зглобови.

Таа магична состојка доаѓа од птицата ему, која живее само во Австралија, поточно во ненаселени, пустински делови од Австралија. Маслото од ему е познато ширум светот и се користи како безбеден и ефикасен природен лек за воспаленија, рани, лузни, егзема, сува кожа и други кожни болести.


Како влијае маслото од ему на вашата кожа и тело?

Маслото од ему содржи липиди како оние кои ги произведува горниот слој на кожата. Ова масло се состои од речиси 100% триглицеридни липиди, масти од типот на масните киселини  кои ги произведува човечката кожа и ги впива побргу отколку другите масла и креми.


Институтот „Форсајт“ од Бостон објави истражување за маслото од ему и неговите анти – воспалителни дејства, кои покажале значаен ефект кога ќе се нанесе на кожата. Резултатите биле многу ветувачки. Маслото од ему значително ги намалило отоците и воспаленијата во рок од 6 до 12 часа од нанесувањето.


Друго истражување покажало дека примената на ова масло одлично ја стимулира регенерацијата на кожните клетки и помага кај псоријаза, други кожни заболувања и артритис.

Видео на денот