Маск нуди 100 милиони долари за најдобрите проекти за намалување на штетните гасови во атмосферата

Елон Маск
Милијардерот и шефот на Тесла, Елон Маск понуди награда од 100 милиони долари на глобален натпревар за изнаоѓање начини за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од атмосферата на Земјата.
Маск, кој е исто така шеф и на SpaceX, во јануари за прв пат објави твитер за наградата, а потоа најави дека наскоро ќе ги објави деталите за натпреварот.
„Ова не е теоретско натпреварување; ние сакаме тимови кои ќе градат вистински системи што ќе имаат мерливо влијание и на ниво на гигатон“, рече Маск.
Деталните упатства ќе бидат објавени на 22 април и натпреварот ќе трае четири години, сè до Денот на планетата Земја 2025 година, објави организаторот на натпреварот XPrize.
Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот