фото: KF Shkëndija

Масар Омерагиќ им го честита големиот успех на фудбалерите на Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија во средата испиша историја откако во Букурешт, Романија, го елиминираше ФЦСБ или поранешна Стеауа за пласман во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Воедно фудбалерите на тренерот Јетон Беќири сезонава си обезбедија најмалку настап во групна фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Но, тоа може да се промени доколку тетовските „црвено-црни“ направат уште еден подвиг во третото квалификациско коло на ЛШ против Карабах од Азербејџан.

Големиот успех им го честиташе и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ:

– Браво момци! ФК Шкендија, честитки за победата и пласманот во 3. коло од квалификациите за Лига на шампиони. Чекор по чекор, заеднички докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал. Честитки до фудбалерите, стручниот штаб, управата и навивачите на ФК Шкендија. Продолжете да нѐ радувате. Се надеваме на нови победи во европските натпревари! – стои во објавата на Омерагиќ на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Шкендија испиша историја – обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциската лига!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот