Мартинез на претставувањето: Ќе разговарам со Роналдо…

Фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Денес беше потврдено дека Роберто Мартинез е новиот селектор на Португалија. Уште на претставувањето поранешниот селектор на Белгија не можеше да ги избегне прашањата за Кристијано Роналдо.

Роналдо повеќе нема да го гледаме во европскиот фудбал на клупско ниво откако направи трансфер во Ал Наср. Првенството во Саудиска Арабија секако не е на нивото на фудбалот во Европа, па дел од јавноста сметаше и дека Роналдо може да остане без повик во репрезентацијата на Португалија во иднина.

Роберто Мартинез зад себе има 15 години долга тренерска кариера и смета дека знае како да се носи со таквата ситуација.

„Конкретните фудбалски одлуки секогаш ќе ги носиме од она што го гледаме на теренот. Сакам да се запознаам со сите играчи. Прво мислам на оние 26 играчи кои беа на Светското првенство, па така е јасно дека помеѓу нив е и Кристијано Роналдо“, изјави Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот