Мартин Карапалевски од следната сезона ќе игра во Шпанија

Мартин Карапалевски/фото: rkvardar.com.mk

Средниот бек на ракометниот клуб Вардар Мартин Карапалевски ова лето ќе се раздели со скопските „црвено-црни“.

Следен предизвик во кариерата на плејмејкерот ќе биде Атлетико Ваљадолид, кој настапува во шпанската АСОБАЛ лига.

Договорот на Карапалевски со Ваљадолид е на две години со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Карапалевски нема редовна минутажа кај тренерот Владо Недановски, во преден план е Јапонецот Косуке Јасухира.

Потсетување дека во шпанскиот клуб Ваљадолид настапува Димитар Димитриоски кој ќе остане во тимот и следната сезона, а летово си заминува Дарко Димитриевски кој прави трансфер во Аликанте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот