марш за ангелите фото: Слободен печат/Драган Митрески

Маршот за ангелите се проширува во Виница: „Условна казна не е правда за 63 загубени животи“

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица.

Како што информираа од здружението на граѓани „16 март 2025“, собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на маршот, кој е предвидено да започне во 17 часот и 5 минути. Организаторите велат дека маршот е повик за вистинска правда и порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.

Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ. Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас. Во сабота и Виница ќе чекори со нас, пишува во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот