Протест за поддршка на притворената професорка Марија Васиќ во Белград / Фото: „Икс“ / скриншот

Марш на слободата во Нови Сад – се појавија Марија Васиќ и Ладо Јововиќ

Во 16 часот и 30 минути почна собирот на граѓаните пред Мостот на слободата на протестите „Марш на слободата“ во Нови Сад.

Планирано е во текот на овој марш граѓаните да поминат седум раскрсници долж булеварот на ослободувањето до железничката станица, каде на 1 ноември минатата година падна натстрешницата на железничката станица и загинаа 16 луѓе.

Секоја од седумте раскрсници на оваа рута има своја тема која ја симболизира десетмесечната борба на студентите и граѓаните.

На првата раскрсница кај Мостот на слободата се појави професорката по социологија Марија Васиќ која помина 7 месеци во притвор, а во ноември ја очекува судење заедно со уште 11 активисти.

Таа дојде со својот соборец од Движењето на слободни граѓани Лада Јововиќ, кој исто така е осомничен во истата постапка за рушење на уставниот поредок и пуштен да се брани од слобода. Тие пред граѓаните дигнаа макета која го симболизира Уставот на Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот