Марија Јаничевска предложена за директорка на ОТА

Марија Јаничевска е предлог за директорка на Оперативно-техничката агенција (ОТА) на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Членовите на Комисијата едногласно ја донесоа одлуката Јаничевска да биде директор на ОТА.

Предлогот го образложи претседателката на Комисијата Марија Георгиевска, која кажа дека Јаничевска е родена 1978 година во Скопје, дека била државен советник за општи работи во ОТА, како и други детали од нејзината биографија.

Георгиевска информира дека за оваа функција се пријавиле 21 лице.

Николче Крстевски и Елида Шуки се предложени за членови на Комисијата за одлучување по жалби за јавни набавки. Кирил Каранфилов е предложен за повторен мандат за претседател на оваа Комисија.

Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 5 септември 2023 година, донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА. За директор на ОТА може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следниве области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки и да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во областите предвидени во потточката 2) на оваа точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот