Маричиќ пред Спасовски и Заев добил информација дека Мијалков спрема бегство

Премиерот Зоран Заев потврди дека Бојан Маричиќ е министерот на кого обвинител му кажал дека Сашо Мијалков може да избега.

Заев нагласи дека станува збор за информација добиена во неформален разговор, а првпат ова го нагласи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој рече дека не знаел само тој дека Мијалков спрема бегство, туку дека во петокот обвинителите ја имале информација и ја пренеле на министер. Сепак ова не е аларм за премиерот да бара одговорност од министрите во својата влада.

-Јавното обвинителство  е тоа што ги прави истрагите. Имотот на Мијалков сигурно е систематизиран во сите постапки кои веќе се поднесени. Еден дел се во „Трезор“, “Тортура“, изборите во Струмица. ЈО сигурно има направено класифицирање на имотот на Мијалков. ЈО е примател на информацијата за можно бегство. Покрај министерот за внатрешни работи, информацијата била кажана и на министерот за правда. Тоа бил неформален разговор. Ние во нашите редови не испитуваме одговорност бидејќи можеме да бидеме пристрасни меѓу себе. ЈО е независен дел на работењето на системот, за да ни покаже каде би имало пропусти, ако ги имало, рече Заев додавајќи дека одговорност за бегството на Мијалков секако ќе има.

-Одговорноста ќе ја има, без разлика што со сите чекори на институциите, Сашо Мијалков беше принуден да го прими решението за притвор. Охрабрив истрагата за евентуална одговорност да продолжи. Знам дека е логично од среда натаму, истрагата да биде распределена кај обвинител. За текот на истрагата, ЈО ќе може да ви каже, бидејќи тие прават истрага за сите чекори на постапката од таа недела, додека не се пријави тој, рече Заев.

Министерот Спасовски во вторникот непосредно пред предавањето на Мијалков нагласи дека член на владата од обвинителите добил информација дека Мијалков подготвува бегство, но не сакаше да го именува и потенцираше дека со време и тоа ќе се дознае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот