Марго Роби конечно проговори откако не беше номинирана за Оскар

Марго Роби / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Марго Роби конечно проговори за овогодинешните номинации за Оскар. По објавувањето на номинациите, многу фанови беа лути што Марго не беше номинирана за најдобра актерка за нејзината улога во „Барби“, а Грета Гервинг не беше номинирана за најдобра режија. Сега Марго, која го продуцираше и глумеше во филмот, проговори за тоа.

„Нема причина да бидете тажни кога знаете дека сте вака благословени“, рече австралиската актерка на проекцијата на „Барби“ на САГ (SAG), пренесува „Индепендент“.

Иако Марго и Грета не беа номинирани за најдобра актерка и најдобра режисерка, филмот има осум номинации, вклучувајќи и една за најдобар филм.

„Очигледно мислам дека Грета треба да биде номинирана за режија, бидејќи тоа што го направи е нешто што се случува еднаш во кариерата, еднаш во животот, навистина е. Но, тоа беше неверојатна година за сите филмови“, изјавила Марго.

И покрај тоа што таа не доби номинација, Марго вели дека е воодушевена што филмот има толку многу номинации. Рајан Гослинг е номиниран за најдобра споредна машка улога за улогата на Кен, додека Америка Ферера е номинирана за најдобра споредна женска улога за улогата на Глорија во филмот. Други номинации вклучуваат продукциски дизајн, костимографија и најдобро адаптирано сценарио.

96-тото доделување на Оскарите ќе се одржи на 10 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот