Мараш си оди Е. Пелистер, од идната сезона ќе игра за Татабања

Матео Мараш по завршување на сезоната ќе го напушти Е. Пелистер/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш по завршување на сезонава ќе ја напушти екипата и ќе потпише за Татабања.

Унгарскиот тим ја известил управата на Е. Пелистер дека е подготвен да ја плати откупната клаузула за Мараш бидејќи ракометарот има важечки договор со битолчани.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека клубот Татабања од Унгарија нè информира дека е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Матео Мараш, кој има активен договор со нашиот клуб. По комплетирањето на трансакцијата и на истекот од тековната сезона, договорот може да биде комплетиран, почнувајќи од сезоната 2022/23. РК Еурофарм Пелистер се заблагодарува на унгарскиот клуб за професионалниот пристап и на ракометарот за спортскиот ангажман“, објавија битолчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот