Мантра за среќа: Будете се секое утро со оваа реченица и гледајте како вашиот живот се менува!

Фото: Pexels

Среќата е на чекор од нас, потребно е само да го направиме чекорот…

Секое утро по будењето и во секоја ситуација кога е се посомневате во сопствените можности повторете си ја оваа магична реченица: „Го можеш ти тоа!“.

Човекот не ретко се наоѓа во ситуација кога не знае како понатака и не е сигурен дали е на вистинскиот пат, ниту пак дали има доволно сила да го истурка до крај тоа што го замислил. Во овие случаи, мантрата е од голема помош, а тоа го заклучија и научниците.

Позитивните реченици делуваат на нашата психа и навистина ни помагаат да ги претуркаме тешките моменти. Во истото истражување е утврдено дека многу е подобро да се охрабрувате себе си во второ лице.

Фото: Pexels

„Луѓето се навикнати да даваат и примаат совети од друга личност и изгледа дека човековата психа од таа причина ја преферира употребата на второ лице како средство за мотивација“, изјави Сандра Долкос, истражувач на Универзитетот во Илиноис.

„Го можеш ти тоа! Науката тврди дека ова е многу подобар начин сами да се поттикнете, отколку да кажете „Го можам јас тоа“.

Како тоа точно ќе делува на вас?

Фото: Пиксабеј

Значи, самоохрабрувањето во второ лице еднина ни овозможува да добиеме поширока перспектива бидејќи на тој начин го репродуцираме оној вид на охрабрување кое го добиваме од другите.

Студијата објавена на 23 јуни 2014 година во магазинот „European Journal of Social Psychology“ покажа дека најдобрите резултати се добиваат доколку советите упатени сами кон себе ги напишете на лист хартија.

Пишувањето како начин на разговор со себе одамна се користи како терапевтски пристап, а во ситуациите кои бараат голема самоконтрола ова е исклучително делотворна метода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот