Мане се потсети на еден од најтешките моменти во кариерата: Плачев како мало дете…

Баерн Минхен - Франкфурт/05 aвгуст 2022/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH CONDITIONS - ATTENTION

Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентативец на Сенегал Садио Мане призна дека плачел како мало дете кога во 2012 година морал да го напушти Мец и да премине во Салзбург.

Мане во Салзбург премина за оштета од четири милиони евра.

„Беше тешко време затоа што клубот испадна од Првата лига на Франција. Сакав да останам затоа што Мец беше мојот прв професионален клуб. Не можев да се замислам во ниту еден друг клуб, сакав да бидам таму“.

Се потсети Мане што се случувало кога пристигнала понудата.

„Австрискиот клуб ја испрати првата понуда. Тогашниот претседател на Мец Бернад Серин ја одби и одговори дека ако сакаат да ме доведат мораат да платат четири милиони евра. Салзбург прифати и понуди четири милиони евра. Не сакав да заминам, но морав, така ми беше кажано. Плачев на заминувањето, се сеќавам како да беше вчера. Не сакав да одам во Австрија, не го знаев јазикот, не знаев никого…Мец беше мој дом“, се потсети Мане.

Во Салзбург Мане помина две сезони, а потоа играше за Саутемптон и Ливерпул пред летово да се пресели во Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот