Манчини: Го загубив гласот од викање во последните 20 минути

Селекторот на Италија, Роберто Манчини/фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Селекцијата на Италија во последното коло од групата 3 од дивизијата А во Лигата на нации, ја совладаа Унгарија во Будимпешта со 2:0 и обезбедија пласман на завршниот турнир што ќе се игра идната година.

„Аѕурите“ славеа со головите на Распадори и Димарко ѝ и го презедоа првото место на табелата на Унгарија.

– Бевме одлични 70 минути, не ми се допаднаа последните 20 минути. Кога работиш толку напорно за да дојдеш до предност од два гола, нема смисла да се мачиме вака во последните 20 минути. Требаше да продолжиме да притискаме и да гледаме да постигнеме и трет гол. Го загубив гласот затоа што постојано викав во тие последни 20 минути. Среќни сме, важно е што на крајот обезбедивме пласман на завршниот турнир – изјави селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Манчини имаше пофални зборови за голманот Џанлуиџи Донарума, кој со неколку одлични одбрани ги спречи Унгарците да постигнат гол.

– Џиџи заврши одлична работа, се гледа дека редовно брани во ПС. Неговата самодоверба го покажува тоа. Среќен сум бидејќи сакавме да се пласираме во баражот со овие две победи против Англија и Унгарија. Затоа одигравме два добри натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот