Манчестер сити планира да заработи 200 милиони фунти од продажба на фудбалери

Габриел Жесус на лето може да се пресели во Лондон/фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Англискиот шампион Манчестер сити ја заврши најважната работа во летниот преоден рок, го потпиша Ерлинг Холанд и го реши прашањето во нападот, но нема намера да застане само на Холанѓанецот, а парите за идните трансфери ќе ги добие со проджба на неколку фудбалери.

Според англиските медиуми, Сити планира да заработи околу 200 милиони фунти од продажба на играчи кои се на трансфер листата, Рахим Стерлинг, Илкај Гундоган, Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и Олександар Зинченко.

За Жесус интерес пројавуваат Арсенал и Челзи, Стерлинг е на радарот исто така на Челси, но и на Реал Мадрид, додека за Гундоган и Зинченко интерес постои од екипи од Шпанија и Италија.

Дел од парите што ни требало да ги добие од продажбата на прекубројните фудбалери ќе ги искористи за ангажман на Калвин Филипс од Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот