Фото: Maнчестер јунајтед

Манчестер јунајтед во еден сегмент е последен тим во Премиер лигата, а тоа наредната сезона ќе се промени

Заврши уште една сезона во Премиер лигата, а Манчестер јунајтед повторно се врати меѓу елитата. По сезона без европски настапи, „црвените ѓаволи“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите, но еден податок може да предизвика загриженост.

Мајкл Керик успеа целосно да ја промени сезоната, тимот избори место во Лигата на шампионите, а Керик доби доверба и за постојана функција откако претходно пристигна само како привремено решение. Дополнително, Бруно Фернандеш беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Но, и покрај позитивната атмосфера, дел од јавноста предупредува дека следната сезона ќе биде далеку потешка за Јунајтед. Причината е што тимот повторно ќе има и европски обврски, нешто што сезонава воопшто не го оптоваруваше тимот.

Колку тоа може да биде проблем покажува и интересна статистика. Манчестер јунајтед оваа сезона одигра најмалку минути од сите премиерлигаши ако се земат предвид сите натпреварувања. Вкупно, тимот помина 3.600 минути на теренот.

За споредба, новиот шампион Арсенал одигра дури 5.580 минути во сите конкуренции, што е речиси 2.000 минути повеќе. Зад него следуваат Манчестер сити, Кристал палас и Челси со по 5.340 минути.

На ниската бројка кај Јунајтед не влијаеше само отсуството од Европа, туку и раната елиминација во домашните купови. Во ФА Куп тимот беше елиминиран уште на првата пречка од Брајтон, додека во Лига купот по пенали загуби од Гримзби Таун.

Она што дополнително загрижува е длабочината на составот. Според многумина, Јунајтед нема доволно квалитетни играчи за настап на повеќе фронтови.

Јасно е дека на „Олд Трафорд“ ги очекува многу работа во летниот преоден рок, бидејќи следната сезона ќе биде значително понапорна, а тимот ќе мора да биде подготвен за најмалку 4.290 минути фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот