Манчестер јунајтед конечно доби спортски и технички директор

epa05334647 Darren Fletcher, forward soccer player for Scotland during a press conference, in Valletta, Malta, on 28 May 2016, prior to their international friendly against Italy to be played at Ta' Qali national stadium, Malta, on 29 May. EPA/Ray Attard

Поранешниот фудбалер и капитен на екипата, Дарен Флечер е именуван за технички директор на Манчестер јунајтед.

Интересно е што Флечер во директорското столче доаѓа од тренерската клупа, бидејќи Оле Гунар Солскјер во јануари го донесе поранешниот играч на Јунајтед за да го засили неговиот стручен штаб.

Именувањето на технички директор на Манчестер јунајтед е приоритет на сопственците уште од декември 2018 година кога од тренерската клупа си замина Жозе Мурињо.

Освен Флечер, нови функции добија и Џон Муртог кој е во клубот од 2003 година како и Мет Џаџ. Муртог е директор за фудбалски операџии додека Џаџ е директор за фудбалски преговори.
Сите тројца директори ќе се грижат за трансферите и спортските прашања, а британските медиуми пренесуваат дека Солскјер ќе има можност да стави вето при носењето на одлуки за засилувања.

– Мислам дека одиме во вистинска насока и се радувам на соработката со Оле и неговиот тим. Сега тука е и Џон кој ќе биде од голема помош при носењето на млади фудбалери но и во развојот на клубот – изјави Флечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот