Дејан Манасков/фото: РК Еурофарм Пелистер

Манасков завршил во полициска станица по нападот на помошниот тренер на Охрид

По денешниот натпревар во рамки на Суперлигата, во кој Охрид ја победи екипата на Пелистер со 29-25, дојде до инцидент во спортската сала „Билјанини Извори“.

Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков по завршувањето на мечот, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал Крсте Андоновски еден од помошниците на тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот – охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пелистерци по завршувањето на натпреварот ја демолирале соблекувалната, а нивните навивачи „Чкембари“ физички напаѓале охриѓани во центарот на Охрид.

 

Трето полувреме по дербито во Охрид: Манасков го нападнал помошникот на Ројевиќ, пелистерци ја демолирале соблекувалната

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот