Даниела Стојановска Џинговска/фотo: Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Стојановска Џинговска: Морав да прифатам дека нема да можам да го бањам сопственото бебе

Попреченоста не е пречка во мајчинството, вели за „Мамавизија“ скопјанката Даниела Стојановска Џинговска. Таа има церебрална парализа, но тоа за неа не било недостаток, туку отсекогаш ѝ претставувало мотив да стане подобра везрзија од себе.

Мајка е на тинејџер и вработена во Фондот за здравствено осигурување како советник на генералните директори за ортопедските помагала, долгогодишен поборник за правата и подобри услови на лицата со попреченост.

Стојановска Џинговска од страв дали нејзината состојба има генетски влијанија станува дипломиран дефектолог, длабоко истражувајќи на оваа тема, желбата да стане мајка сè повеќе ѝ се зголемува.

-Јас кога останав бремена многу се плашев за здравјето на своето дете, но тоа чувство не е ексклузивно, туку го има секоја мајка. Поради мојата состојба многу истражував и читав дали тоа би имало некакво генетско влијание врз моето потомство. Тоа беше и причината да се запишам на дефектологија. Додека бев бремена морав да сфатам некои работи и да ги прифатам, како на пример тоа дека јас нема да можам да си го избањам сопственото бебе, но јас бев присутна на сите негови капења како бебе, затоа што тоа не треба да биде мој комплекс, важно е тој да биде избањат и чист – вели Стојановска Џинговска.

Даниела Стојановска Џинговска/фотo: Слободен печат

Таа во емисијата си ја отвора душата, несебично со сите свои емоции. Открива што значи тоа да се биде мајка со попреченост во денешницата, со што се соочувала за време на бременоста и колку животот на мајките со попреченост е проследен со предизвици во нашето општество.

-Среќна сум што од моето искуство да се реализирам како мајка со попреченост успеав да мотивирам многу други жени да го сторат истото. При тоа ги срушивме табуата и докажавме дека мајките со каква било попреченост можат да бидат и подобри мајки од типичните. Јас имам здрав прав син, паметен, момче коешто прераснува во многу добра, емпатична личност, на што сум посебно горда – рече таа.

Даниела Стојановска Џинговска/фотo: Слободен печат

Гледајте  „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор на проектот е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот