Малтешкиот кардинал: Поранешниот папа Бенедикт тешко зборува, но е насмеан
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти (93), кој го отстапи престолот на Светата столица, има потешкотии во зборувањето, но останува „присебен и насмеан”, изјави малтешкиот кардинал Марио Грец, еден од 13-те кардинали кои папата Франциск ги прогласи во саботата.
Поглаварот на Католичката црква назначи девет нови кардинали и уште четворица постари од 80 години.
По церемонијата во базиликата Св. Петар, „Принцовите на црквата” се сретнаа со Бенедикт, кој се откажа од службата во 2013 година и живее во поранешен манастир во рамки на Ватикан.
– Тој зборува тешко и всушност на почетокот на состанокот рече дека„ Господ му го одзеде говорот за да ја цени тишината”, но тој сакаше да нè охрабри”, рече Грец, кој стана висок функционер на римската Курија, односно генерален секретар на епископскиот синод, соопшти прес-службата на Светата Столица.