Малта го презема едногодишното претседавање со ОБСЕ

Фото: Фејсбук, Бујар Османи

Малта денеска од Република Северна Македонија го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а претседавањето ќе го врши шефот на дипломатијата Јан Борг.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи на 1 декември, на крајот од 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека одлуката за претседавање на Малта е донесена едногласно.

Борг ја истакна подготвеноста на Малта да го преземе претседателството.

– Едногласната одлука на сите 57 земји-членки е доказ за нашата заедничка посветеност да продолжиме да ја зајакнуваме нашата организација и, и покрај сите предизвици со кои моментално се соочуваме, да обезбедиме оваа организација да остане силна. ОБСЕ е создадена врз заеднички принципи и вредности. Тоа е инклузивна платформа за ефективен дијалог и ќе се погрижиме да ја зајакнеме, рече Борг.

ОБСЕ, чие седиште е во Виена, е основана во 1973 година и е најголемата меѓувладина безбедносна организација во светот со 57 земји членки и 11 земји партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот